Чавушоглу: „Западниот брег е палестинска територија под окупација на Израел“

Челик: „Израелскиот премиер повторно го изнесе непромислениот напаѓачки став“

1178872
Чавушоглу: „Западниот брег е палестинска територија под окупација на Израел“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека Западниот брег е палестинска територија која се наоѓа под израелска окупација, кој настан се коси со меѓународното право.

Министерот Чавушоглу остро реагираше на изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со Западниот брег.

Чавушоглу во објавата преку профилот на социјалните медиуми истакна дека Западниот брег е палестинска територија која се наоѓа под израелска окупација, кој настан се коси со меѓународното право. Неодговорната изјава на Нетанјаху поради загриженоста од гласови пред изборите во оваа земја, не може да го промени овој факт, рече Чавушоглу.

Портпаролот на Партијата за правда и развој Омер Челик изјавата на Нетанјаху ја критикуваше со следните зборови:

„Израелскиот премиер повторно го изнесе непромислениот напаѓачки став. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека во случај повторно да победи на изборите на 9 април и седне на премиерската функција, Израел планира да ги анектира илегалните еврејски населени места во Западниот брег кои територии се наоѓаат под израелска окупација.



Слични вести