Во областа Бестлер Дерелер кај градот Ширнак неутрализирани 5 мина терористи на ПКК

Во рамките на операциите за воспоставување на безбедноста во земјата беше реализирана операција во областа Бестлер Дерелер во руралното подрачје на градот Ширнак во која беа неутрализирани 5 мина наоружани терористи

1178631
Во областа Бестлер Дерелер кај градот Ширнак неутрализирани 5 мина терористи на ПКК

Во областа Бестлер Дерелер во руралното подрачје на градот Ширнак во југоисточниот дел на земјата се неутрализирани 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на операциите за воспоставување на безбедноста во земјата беше реализирана операција на областа Бестлер Дерелер во руралното подрачје на градот Ширнак.

Во операцијата беа неутрализирани 5 мина наоружани терористи.

Како што се истакнува операциите во областа продолжуваат.

Од друга страна, во реализираните воздушни операции на областите Зап и Гара во северниот дел на Ирак беа уништени цели кои биле користени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК како наоружана позиција, засолниште, скривница и складиште за муниција.

 



Слични вести