Реакција од МНР против изјавите од ЕУ во врска со изборниот процес во Турција

Портпаролот на МНР Хами Аксој покажа реакција против изјавите на потпретседателот на Европската комисија (ЕК) Франс Тимерманс во врска со резултатите од локалните избори во Турција кои беа одржани на 31 март

1178482
Реакција од МНР против изјавите од ЕУ во врска со изборниот процес во Турција

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на поставените новинарски прашања до Министерството во однос на изјавите на потпретседателот на Комисијата на Европската унија Франс Тимерманс, а во врска со резултатите од локалните избори во Турција кои беа одржани на 31 март.

Аксој истакна дека самовилните и забрзани изјави на функционерите на Европската унија (ЕУ) по ова прашање, непочитувајќи го притоа правниот процес, претставува голема несреќна околност.

Привлекувајќи внимание на тоа дека изјавите на Тимерманс се дочекани со разочараност и зачуденост, Аксој напомена дека турскиот народ на локалните избори излезе со ретко виден висок процент на одзив и ја потврди својата приврзаност кон демократијата.

"Пораката што ја даде нашиот народ на изборите е одраз на неговото верување и неговата поддршка на продолжувањето на стабилноста и средината на доверба во Турција." - рече Аксој.

Велејќи дека и покрај тоа што во некои места се уште не се објавени официјалните резултати функционерите на Европската унија (ЕУ) упатуваат повици во правец на признавање на резултатите во тие места и дека овие повици се заведени како несреќни изјави, портпаролот Хами Аксој продолжи со следните зборови: "Изјавите за кои што станува збор сочинуваат еден друг пример на двојните стандарди на Европската унија (ЕУ) кои што во последно време уште повеќе се преиспитуваат во смисла на приврзаноста кон демократските и правните вредности. Самовилните и забрзани изјави на функционерите на Европската унија (ЕУ) непокажувајќи притоа почит кон правниот процес претставуваат голема несреќна околност. Ги покануваме функционерите на ЕУ во име на сопствените политички амбиции и избори да не ги ерозираат демократските и правните вредности кои што ги претставуваат."



Слични вести