Омер Челик: Дојде и одминува времето меѓународната заедница да каже доста на лудилото на Нетанјаху

Портпаролот на АК Партијата Омер Челик покажа остра реакција против последните изјави на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и рече дека дојде и одминува времето меѓународната заедница да каже доста на лудилото на Нетанјаху

1178627
Омер Челик: Дојде и одминува времето меѓународната заедница да каже доста на лудилото на Нетанјаху

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик покажа реакција против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој прогласи дека доколку победи на изборите ќе ги анектира незаконските еврејски населби во Западниот Брег.

Челик во објавеното соопштение на својата сметка преку социјалната медија напиша: "Дојде и одминува времето меѓународната заедница да каже доста на лудилото на Нетанјаху."

Велејќи изјавата на Нетанјаху покажува дека ги негира резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации и меѓународното право, Омер Челик рече: "(Нетанјаху) Се обидува од фаза на прекршување на правото да премине во фаза на негово целосно уништување."

Тој привлече внимание дека Нетанјаху отворено ги напаѓа меѓународната заедница и правото и го достави следниот повик: "Секој треба да го осуди овој јазик на омраза."

Челик нагласи дека меѓународната заедница на многу силен начин треба да ги брани сопствените вредности наспроти агресивноста на Нетанјаху.

Портпаролот на владејачката АК Партија Омер Челик напомена дека оние кои го поттикнуваат окупаторството треба добро да размислат и за последиците од тоа и истакна дека резултатот од тоа е целиот свет, на чело со Блискиот исток да се води кон вистински хаос.

"Окупаторството кое што го претставува Нетанјаху е најосновната закана за меѓународното право и безбедноста." - додаде Омер Челик.



Слични вести