Калин: Дали западните демократии ќе покажат реакција, или ќе продолжат да останат безгласни?

„Уште еден пример за тоа како Нетанјаху ја искористува изборната политика за легализирање на окупацијата и поткопување на решението со две држави. Дали западните демократии ќе покажат реакција, или ќе продолжат да останат безгласни?“ - рече Ибрахим Калин

1178637
Калин: Дали западните демократии ќе покажат реакција, или ќе продолжат да останат безгласни?

Портпаролот во кабинетот на претседателството Ибрахим Калин, изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во однос на Западниот Брег  ја окарактеризира како еден друг пример на искористување на изборната политика за легализирање на окупацијата.

Калин во објавата што ја сподели на англиски јазик на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Уште еден пример за тоа како Нетанјаху ја искористува изборната политика за легализирање на окупацијата и поткопување на решението со две држави. Ако биде повторно избран дали тоа ќе биде победа на 'демократијата' или на окупацијата? Дали западните демократии ќе покажат реакција, или ќе продолжат да останат безгласни? Срам да им е!“

Реакција против последните изјави на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигна и од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој исто така на својата сметка преку социјалната медија напиша: „Западниот Брег е палестинска територија која се наоѓа под окупација на Израел, спротивно на меѓународното право. Неодговорните изјави кои што ги даде Нетанјаху повторно поради загриженоста од гласови пред изборите, никако не ќе можат да ја променат оваа вистина.“

Инаку, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека доколку победи на изборите на 9 април и повторно седне на премиерската фотелја планира да ги „анектира кон Израел“ незаконските еверејски населби во окупираниот Западен Брег.

 

 



Слични вести