Во Истанбул продолжува најголемото преселување во историјата на воздухопловството

Операцијата за преместување од Аеродромот Ататурк на Истанбулскиот Аеродром (İstanbul Airport) се планира да заврши целосно вечерва на полноќ, во 23:59 часот (6 април, 2019 година, во сабота вечер) по локално време

1178208
Во Истанбул продолжува најголемото преселување во историјата на воздухопловството

Во Истанбул продолжува најголемото преселување во историјата на воздухопловството.

47 илјади 300 тони материјали од Аеродромот Ататурк со џиновска операција се носат на Истанбулскиот Аеродром (İstanbul Airport).

Досега заврши пренесувањето на 94 отсто од материјалите во рамките на операцијата која што беше започната вчера во 03:00 часот по локално време.

Во текот на преселувањето се планирана најмалку 167 авиони на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) да преминат на Истанбулскиот Аеродром.

Операцијата за преместување се планира да заврши целосно вечерва на полноќ, во 23:59 часот (6 април, 2019 година, во сабота вечер) по локално време.

Во објавеното соопштение од Одделот за печат на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) се потсетува дека за одвивање според планираното Аеродромот Ататурк и Истанбулскиот Аеродром се затворени за сите редовни патинички линии.

Во соопштението се истакнува дека последниот патнички авион од Аеродромот Ататурк полета во 02:00 часот по локално време за остварување на својот лет на релација Истанбул-Сингапур.

Во истото соопштение се напоменува дека летовите од Истанбулскиот Аеродром ќе започнат денеска од 14:00 часот според локално време и се додава следното: „Првиот лет по преместувањето што ќе се реализира од Истанбулскиот Аеродром за Аеродромот Есенбога во Анкара ќе биде летот на Турската авиокомпанија ТХЈ. Во процесот потоа летовите од Истанбулскиот Аеродром ќе бидат реализирани во рамките на утврден план и постепено ќе бидат интензивирани.“

Големото преселување се следи од три одделни кризни штаба.

Возилата, товарот и сообраќајот се следат во ист момент со специјално развиен софтвер.



Слични вести