Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Мајами, во САД се состана со муслиманите

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу со водечките личности и претставници на турската и американската заедница во градот Мајами, во САД се состана пред џума намаз (петочната молитва)

1178189
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Мајами, во САД се состана со муслиманите

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по остварените средби и разговори во Вашингтон ја посети џамијата Мајами Гарденс во градот Мајами во сојузната држава Флорида каде што се состана со водечките личности и претставници на турската и американската муслиманска заедница.

Чавушоглу со водечките личности и претставници на турската и американската заедница во Мајами се состана пред џума намаз (петочната молитва).

Овде министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одржа кус говор по што на својата сметка на социјалната мрежа Твитер во врска со оваа средба го напиша следното: „Со претставниците на американската муслиманска заедница во Мајами разговаравме за предизвиците со кои што се соочуваат сите муслимани. Она пто го остваруваат муслиманите во Америка му даваат инспирација на светот. Нагласивме дека нивната улога во борбата против исламофобијата е неприкосновена и значајна.“

Чавушоглу џума намаз (петочната молитва) клањаше во џамијата Мајами Гарденс, а потоа одделно се поздрави со сите (со џемаатот).

Да потсетиме дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО што се одрќа на 3 и 4 април во Вашингтон, а по повод одбележувањето на 70-годишнината од формирањето на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).

Тој во рамките на своите средби и разговори во Вашингтон и во Њујорк оствари и низа билатерални контакти.



Слични вести