Емине Ердоган на Светскиот економски форум во Аман: Употребата на најлонски кесиња е намалена за 70%

Сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Емине Ердоган, на состанокот на Светскиот економски форум (WEF) за Блискиот исток и Северна Африка што се одржува во Аман,Јордан истакна дека употребата на најлонски кесиња во Турција се намали за 70 отсто

1178345
Емине Ердоган на Светскиот економски форум во Аман: Употребата на најлонски кесиња е намалена за 70%

Сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Емине Ердоган, во  Аман, во Јордан учествуваше на состанокот на Светскиот економски форум (WEF) за Блискиот исток и Северна Африка.

Емине Ердоган на форумот каде што учествуваше како прва сопруга на еден лидер од Турција, раскажа за својот проект „Нула отпад“.

Госпоѓа Емине Ердоган привлече внимание дека благодарение на кампањата која што започна во земјата, употребата на најлонски кесиња во Турција се намали за 70 отсто.

Нагласувајќи дека 15 месеци како во приближно 15 илјади јавни институции се премина кон имплементација на „нула отпад“, Емине Ердоган привлече внимание на значењето на рециклирањето.

Таа појасни дека се обидуваат да оформат една нова култура на живот и рече: „Треба да се откажеме од производите за еднократна употреба и со некупување на повеќе од неопходното да преминеме пред  непотребното трошење. Усмерувајќи се кон употреба на обновлива енергија би можеле да дизајнираме нови начини на живот.“

Емине Ердоган упатувајќи повик за спречување на непотребното трошење истакна дека целта за рециклирање со проектот за 2023 година е 60 отсто.

Сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, госпоѓа Емине Ердоган по своето обраќање се состана со претседателот на Светскиот економски форум (WEF) Борге Бренде и генералниот директор на Светскиот економски форум (WEF) Клаус Шваб со кои разговараа за новите проекти во врска со заштитата на животната средина.

Беше разговарано за спречување на загадувањето на животната средина, чистењето на океаните и мерките кои што би биле преземени по прашањето на заштитата на животната средина

 



Слични вести