Пентагон: Предаден на Турција уште еден борбен авион Ф-35, а денеска ќе биде предаден уште еден

Портпаролот на секретаријатот за одбрана (Пентагон) Ерик Пахон изјави дека на Турција и е предаден уште еден борбен авион Ф-35 кој е испратен во воздухопловната база Лук и дека денеска ќе и биде предаден и вториот авион

1177684
Пентагон: Предаден на Турција уште еден борбен авион Ф-35, а денеска ќе биде предаден уште еден
f-35.jpg
F-35 (2).jpg
Türk bayraklı F35 F-35.jpg

Секретаријатот за одбрана (Пентагон) на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека е реализирано предавањето на уште еден борбен авион Ф-35 на Турција кој е испратен во воздухопловната база за обука Лук во Аризона и дека денеска ќе биде предаден и вториот авион.

Ерик Пахон, портпаролот на Пентагон во дадената изјава за Новинската агенција Анадолија (Anadolu Agency-AA) во врска со прашањето рече: „Нема било каква промена по прашањето на обуката на турските пилоти. Обуките ќе продолжат."

На тој начин бројот на борбените авиони Ф-35 кои преминаа во сопственост на Турција, односно и се предадени досега на Турција изнесува 4.

Во воздухопловната база Лук во Аризона продолжува програмата за обука во врска со двата борбени авиони Ф-35 кои претходно и беа предадени на Турција. 

Програмата за обука на турските пилоти во воздухопловната база Лук во Аризона ќе трае од една до две години.

Портпаролот на Пентагон Чарлс Е. Самерс исто така на одржаната прерс конференција во Пентагон денеска изјави дека обуката на турските пилоти за авионите Ф-35 во воздухопловната база Лук ќе продолжи.

 



Слични вести