Од Омер Челик до потпретседателот на САД Мајк Пенс: Секој треба да ја знае драгоценоста на Турција во НАТО

Портпаролот на АК Партијата Омер Челик на недоличните изјави на потпретседателот на САД Мајк Пенс во врска со Турција одговори со зборовите дека секој треба да ја знае драгоценоста на Турција во НАТО, која е клучна земја на сојузот

1177546
Од Омер Челик до потпретседателот на САД Мајк Пенс: Секој треба да ја знае драгоценоста на Турција во НАТО

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик синоќа во седиштето на својата партија одржа прес конференција.

Омер Челик покажа остра реакција против зборовите на потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Мајк Пенс, кој рече „Дали Турција сака да остане како значаен партнер во најуспешниот сојуз во историјата, или со донесување на несовесни одлуки кои што го поткопуваат нашиот сојуз сака да ја вовлече во опасност безбедноста на ова партнерство?“

Челик истакна дека секој треба да ја знае драгоценоста на Турција во НАТО, која е клучна земја на сојузот и рече: „За право не можевме да ја сокриеме нашата зачуденост пред ваквиот до толкав степен неумешен (кратковиден) приод, со кој што се обвинува Турција.“ 

Привлекувајќи внимание дека во оваа изјава постои една нова состојба, Омер Челик продолжи со следните зборови: „Долго време како управата на САД го критикуваше НАТО. Ова е различен израз од аспект на тоа што потпретседателот го открил значењето на НАТО. Ова е ново од аспект на тоа што додека долго време пристигнуваа изјави со кои се обвинуваше, ослабуваше НАТО, ја открил важноста на НАТО. Постојано да се преиспитува членството на Турција во НАТО, всушност значи преиспитување на основните вредности на НАТО Алијансата.“

Подвлекувајќи дека Турција освен тоа што е основачка земја на НАТО, Таа е и едниот од најкритичните, клучните сојузници, Челик нагласи дека Турција во однос на прашањето со сојузништвото отсекогаш ги исполнувала и тоа многу повеќе од потребното, своите одговорности.

Омер Челик ја изнесе констатацијата дека „тогаш кога ќе ја тргнете улогата на Турција во рамките на НАТО Сојузот Турција нема да западне во слабост по прашањето на воспоставување на сопствената безбедност како суверена земја, меѓутоа другите со тоа би навлегле во обид за ослабување на тој голем придонес што го дава Турција на регионалната и глобалната безбедност. Тоа не претставува правилен приод.“

Покажувајќи реакција против функционерите на САД кои не сакаат Турција да ги купи противвоздушно одбранбените системи С-400 од Русија, Челик напомена дека овие средини кои претходно се противеа на барањето на Турција за купување на ракетните системи Патриот од САД, сега сакаат од Турција да се откаже од еден завршен договор, што пак претставува непочитување на суверените права на Турција.

Тој истакна дека Турција никако нема да го прифати тоа и ќе го даде неопходниот одговор.

„Уште еднаш би сакал на секого да му го кажам следното. Треба да ја знаат драгоценоста на улогата на Турција во НАТО, која е клучна земја на сојузот. Во наредниот период, случувањата во светот ќе ја налагаат потребата овој Сојуз да преземе позначајни улоги и тоа покажува дека во наредниот период Турција ќе се појави како позначајна и клучна земја по прашањето на справување со опасностите во однос на регионалната и глобалната безбедност.“ - додаде Омер Челик, портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата).



Слични вести