Хулуси Акар порача од Косово: Ние сме партнери во проектот на Ф-35 и тие ќе бидат предадени

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар порача од Косово дека Турција е едниот од 8'те партнери во проектот на борбените авиони Ф-35 и тие ќе бидат предадени

1178021
Хулуси Акар порача од Косово: Ние сме партнери во проектот на Ф-35 и тие ќе бидат предадени

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар по своите остварени официјални средби и разговори во главниот град на Косово, Приштина, оттука замина за градот Призрен каде што го посети Претседателството на турската претставничка делегација во Косово.

Овде министерот Акар во касарната Султан Мурат се состана со турските војници (Мехметчик).

Хулуси Акар истакна дека во рамките на проектот на борбените авиони Ф-35 од страна на Соединетите Американски Држави (САД) се предадени 3 авиони, а денеска се планира да биде предаден и четвртиот авион.

Привлекувајќи внимание на заканата од воздух и ракети против Турција, министерот Акар рече: "Наспроти тоа одбраната на нашата земја и на нашиот народ претставува наша најзначајна задача."

Тој потсети дека на крајот на остварените разговори најповолниот одговор беше даден од страна на Русија и продолжи со следните зборови: "Беа остварени работите во врска со тоа. Заедно со тоа ние уште од почетокот рековме и продолжуваме да велиме дека додека ги купуваме С-400 истовремено можеме да ги купиме и американските системи за противвоздушна и ракетна одбрана Патриот. Разговорите во врска со тоа продолжуваат. Во рамките на критериумите кои што ги поставивме, нашите надлежни оддели, органи ги продолжуваат разговорите со Американците. Така да на отворен и јасен начин покажавме дека сакаме да купиме и Патриот."

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се осврна и на проектот на борбените авиони Ф-35 чиј партнер е и Турција.

"Едниот од 8'те партнери на овој проект сме и ние. До денеска дадовме сериозна сума пари, ги исполнивме сите наши одговорности. Во таа насока во рамките на постигнатиот договор се предадени три авиони, а четвртиот ќе биде предаден денеска. Три се предадени, а четвртиот ќе биде предаден денеска. Ние таму имаме наши пилоти. Четворица наши пилоти ја реализираат обуката за летање, двајца пилоти пак своите подготвителни задачи. Имаме наши подофицери, персонал за одржување. И тие добиваат обука. Состојбата е таа. Оставете го настрана сето друго што се раскажува, вон ова."



Слични вести