Чавушоглу уште еднаш порача од Вашингтон: С-400 нема да претставува ризик или закана за НАТО

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Вашингтон уште еднаш потсети дека С-400 ќе биде целосно под контрола на Турција и дека нема да претставува било каква закана за системите на НАТО и за борбените авиони Ф-35

1177434
Чавушоглу уште еднаш порача од Вашингтон: С-400 нема да претставува ризик или закана за НАТО

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој по повод одбележувањето на 70-годишнината од формирањето на НАТО престојува во посета на Вашингтон, во САД, овде се состана со претставниците на турскиот печат.

Чавушоглу во оваа пригода уште еднаш потсети дека противвоздушно одбранбениот систем С-400 што ќе го купи Турција од Русија ќе биде целосно под контрола на Турција и дека овој систем нема да претставува било каква закана за системите на НАТО и за борбените авиони Ф-35.

Правејќи проценка во врска со неговата остварена средба со американскиот државен секретар Мајк Помпео, Мевлут Чавушоглу истакна дека разговарале за прашања во врска со повлекувањето на САД од Сирија и безбедната зона за која што се планира да се формира во северниот дел на Сирија, а воедно напомена дека била постигната согласност за продолжување на координационите активности на заедничките сили за задача на двете земји во однос на процесот на повлекување на САД од Сирија. 

Велејќи дека Турција и САД располагаат со различни мислења по прашањето на борбените авиони Ф-35 и противвоздушно одбранбениот систем С-400, Чавушоглу појасни дека на средбата со Помпео било разговарано и за тоа.

Мевлут Чавушоглу напомена дека Турција следи мултилатерална надворешна политика и рече: „Ние во нашиот регион сме сосед на Русија и сите во регионот природниот гас го купуваат од Русија. Русија е наш трговски партнер. САД се наши НАТО сојузници. Ги поддржуваме сите активности на НАТО на истокот и во Црното Море. Посакуваме да имаме добри односи со секого и да ги урамнотежиме нив. Така да не мораме да направиме било каков избор.“

Одговарајќи на едно поставено прашање во врска со купувањето на противвоздушно одбранбениот систем С-400 и реакциите на САД на тоа што Турција овој договор го оценува за завршен, Чавушоглу рече: „Ние тоа им го кажавме на сите уште од почетокот. Тоа не претставува таен процес. Ние не велиме дека овој договор е завршен, за прв пат овде.“

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу продолжи со следните зборови: „Како ќе ги надминеме грижите по ова прашање, доколку постојат?  Ние уште од почетокот велиме дека С-400 ќе биде целосно под контрола на Турција и дека нема да претставува било каква закана за системите на НАТО и за борбените авиони Ф-35. Впрочем, тоа беше и нашиот прв услов со Русија и онака како што тој систем (С-400) нема да биде интегриран во системите на НАТО, нема да претставува ризик или закана и за системите на НАТО и за нашите системи.“

 



Слични вести