Мевлут Чавушоглу: Во најскоро време сакаме Северна Македонија да ја видиме како 30. членка на НАТО

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Вашингтон се состана со својот колега министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров

1176688
Мевлут Чавушоглу: Во најскоро време сакаме Северна Македонија да ја видиме како 30. членка на НАТО
Mevlüt Çavuşoğlu-Nikola Dimitrov Washington.jpg
Mevlüt Çavuşoğlu-Nikola Dimitrov Washington'da görüştü.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Вашингтон, во САД, каде престојува по повод одбележувањето на 70-годишнината од формирањето на НАТО, остварува низа среди.

Во тие рамки, министерот Чавушоглу се состана и со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров.

Во врска со оваа негова средба, Мевлут Чавушоглу на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: "На нашата средба со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров разговаравме за нашите билатерални односи и регионални прашања. Уште еднаш нагласивме дека во најскоро време сакаме да ја видиме Северна Македонија меѓу нас како 30'та членка на НАТО."

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу имаше средба и со својот чешки колега Петричек.

На својата сметкас на социјалната мрежа Твитер, Чавушоглу во врска со ова средба напиша: „Со чешкиот министер за надворешни работи Томас Петричек направивме проценка на односите помеѓу Турција и Чешка на чело со обемот на нашата билатерална трговија и нашите обострани инвестирања.“

Да потсетиме дека, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во Вашингтон, во САД, за состанокот на шефовите на дипломатии на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи денеска по повод одбележувањето на 70-годишнината од формирањето на НАТО.



Слични вести