Турската одбранбена индустрија на Саемот во Латинска Америка

Големо беше интересирањето на учесниците на саемот покажаа големо интересирање кон турскиот хеликоптер АТАК

1176470
Турската одбранбена индустрија на Саемот во Латинска Америка
12. LAAD Savunma ve Guvenlik Fuari3.jpg
12. LAAD Savunma ve Guvenlik Fuari2.jpg
12. LAAD Savunma ve Guvenlik Fuari1.jpg

Во Рио де Жанеиро започна 12-от Саем за одбрана и безбедност ЛААД.

На саемот кој беше отворен со учество на над 400 меѓународни компании производители на одбранбената индустрија, под покровителство на Претседателството за одбранбена индустрија при претседателството учествуваа 17 турски компании.

На саемот беа промовирани платформи за оклопните возила, различни видови копнени и воздушни беспилотни возила, поморски системи, системи за оружје, електронски системи, муниција, симулатори, воени текстилни производи и производи за логистичка поддршка.

На саемот беше промовиран и офанзивниот хеликоптер Т129 АТАК на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ)

Големо беше интересирањето на учесниците на саемот покажаа големо интересирање кон турскиот хеликоптер АТАК.

Претседателот на Управата за корпоративен маркетинг и комуникации на Турската компанија за воздухопловна и  вселенска индустрија (ТУСАШ) Тамер Озмен рече дека саемот помина доста продуктивно и дека уште првиот ден потпретседателот на Бразил Антонио Хамилтон Мартинс Моурао, командантот на копнените сили Едсон Леал Пујол и низа високи државни раководители го посетија штандот на ТУСАШ и се стекнаа со информации за сите производи.

Саемот за одбрана и безбедност ЛААД кој се одржува секои две години и важи за еден од најголемите на латинска Америка, ќе биде отворен до 5 април.



Слични вести