Едногласно усвоена одлуката доставена до Генералното Собрание на ОН под водство на Турција

Министерот за надворешни работи Чавушоглу вчера се обрати пред Генералното Собрание на ОН по што одлуката под наслов „Борба против тероризмот што се потпира на религијата или верувањето и другите акции на насилство“ ја достави до сите земји членки на ОН

1175952
Едногласно усвоена одлуката доставена до Генералното Собрание на ОН под водство на Турција

Едногласно усвоена одлуката под наслов „Борба против тероризмот што се потпира на религијата или верувањето и другите акции на насилство“ која под водство на Туерција беше доставена до Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН).

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера се обрати пред Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) по што одлуката под наслов „Борба против тероризмот што се потпира на религијата или верувањето и другите акции на насилство“ ја достави до сите земји членки на ООН.

Во одлуката се осудуваат терористичките напади врз муслиманите на 15 март во Нов Зеланд и се упатува повик до земјите да ги преземат неопходните месрки за да не дојде до повторно доживување на вакви видови напади.

Одлуката беше поддржана од страна на сите земји членки на Обединетите нации (ОН) и беше узвоена едногласно.

По седницата, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк се состана со високиот претставник на Алијансата на цивилизациите при Обединетите нации (ОН) Мигуел Моратинос.

Чавушоглу на својата сметка на Твитер, во врска со прашањето напиша: „На остварената средба со Моратинос нагласивме дека Алијансата треба да преземе значајна улога во глобалната борба против исламофобијата, непријателството кон странците и говорот на образа.“

Чавушоглу освен тоа во Генералниот конзулат на Турција во Њујорк се состана и со претставниците на турската заедница во градот.

На состанокот, Чавушоглу беше придружуван и од постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу и генералниот конзул на Турција во Њујорк Алпер Акташ.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по своите средби и разговори во Њујорк денеска ќе отпатува за Вашингтон каде што ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи на 3 и 4 април (денеска и утре) на 70 годишнината од формирањето на Северноатлантскиот сојуз (НАТО).



Слични вести