Данфорд: Се надевам дека ќе постигнеме соодветен договор со Турција во врска со С-400

Началникот на Здржениот генералштаб на Вооружените сили на САД генерал Џозеф Данфорд во врска со дискусијата што се води со Турција околу С-400 кои ќе ги купи од Русија, рече: „Се надевам дека ќе постигнеме соодветен договор со Турција“

1176376
Данфорд: Се надевам дека ќе постигнеме соодветен договор со Турција во врска со С-400
Partick Shanahan.jpg

Началникот на Здржениот генералштаб на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави (САД) генерал Џозеф Данфорд во секретаријатот за одбрана Пентагон во Вашингтон се состана со министерот за одбрана на Јужна Кореја Џеонг Кјеонг-ду.

Овде Данфорд одговараше на прашањата на новинарите и притоа во врска со дискусијата што се води со Турција околу противвоздушно одбранбените системи С-400 кои ќе ги купи од Русија, рече: „Се надевам дека ќе постигнеме соодветен договор со Турција.“ 

На едно поставено прашање во врска со разговорите со Турција во врска со купувањето на С-400 од Русија, Данфорд рече: „Засега не се откажавме да изнајдеме соодветен пат по ова прашање.“

Потсетувајќи дека на Турција и е доставен предлог за да купи Патриот, началникот на Здржениот генералштаб на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави (САД) генерал Џозеф Данфорд рече: „Како што ви е познато прашањето со С-400 и Ф-35 е мошне искомплицирано прашање. Отворено истакнавме дека сите не се усогласени системи еден со друг. Меѓутоа, се уште се обидуваме да постигнеме напредок и се надевам дека ќе постигнеме соодветен договор со Турција. Така да, она што е суштинско, се уште не се откажавме.“

Вршителот на должноста секретар за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) Патрик Шанахан исто така одговараше на прашањата на новинарите во Пентагон и во врска со борбените авиони Ф-35 кои се наоѓаат во воздухопловната база Лук од каде што Турција планира да ги преземе, го рече следното: „(Ф-35) Очекувам тие да бидат предадени. Имам доверба во предлогот со Патриот што го доставивме на Турција, искористувањето на тоа од нејзина страна, и најзначајно имам доверба во предлогот за индустриско приклучување кое што ќе се обезбеди заедно со системите Патриот.“



Слични вести