Чавушоглу уште еднаш порача од Вашингтон: С-400 се завршен договор

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу уште еднаш порача од Вашингтон дека договорот за купување на противвоздушно одбранбените системи С-400 од Русија е завршена работа

1176594
Чавушоглу уште еднаш порача од Вашингтон: С-400 се завршен договор

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Соединетите Американски Држави (САД), Вашингтон, говореше на манифестацијата „НАТО обединува“ во заедничка организација на тинк-тенк здруженија, а во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, по повод одбележувањето на 70-годишнината од формирањето на Сојузот.

Притоа Чавушоглу се осврна на противвоздушно одбранбените системи С-400 кои Турција ги купи од Русија рече: „С-400 се завршен договор. САД како последно доставија предлог за Патриот, нема гаранција дека продажбата ќе се оствари.“

Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција не може да се принудува да направи избор помеѓу Западот и Русија и напомена дека Турција нема да влезе во еден таков колосек.

Инаку, американскиот секретаријат за одбрана Пентагон пред некој ден соопшти дека е сопрена секој вид обука во врска со борбените авиони Ф-35 и нивното испорачување на Турција.

Од друга страна, вршителот на должноста секретар за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) Патрик Шанахан одговараше на прашањата на новинарите во Пентагон и во врска со борбените авиони Ф-35 кои се наоѓаат во воздухопловната база Лук од каде што Турција планира да ги преземе, го рече следното: „(Ф-35) Очекувам тие да бидат предадени. Имам доверба во предлогот со Патриот што го доставивме на Турција, искористувањето на тоа од нејзина страна, и најзначајно имам доверба во предлогот за индустриско приклучување кое што ќе се обезбеди заедно со системите Патриот.“



Слични вести