Чавушоглу: Изградбата на Турскиот дом во Њујорк е најголем проект во историјата на МНР

Министерот за андворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турскиот дом во Њујорк е најголем градбен проект реализиран од страна на Министерството за надворешни работи во странство, во историјата на министерството

1176269
Чавушоглу: Изградбата на Турскиот дом во Њујорк е најголем проект во историјата на МНР

Министерот за андворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше на церемонијата што се одржа по повод искачувањето на последниот 35'ти спрат, на последната кофа со бетон, на зградата на Турскиот дом чија изградба е при крај и која се наоѓа веднаш наспроти седиштето на Организацијата на Обединетите Нации (ООН) во Њујорк, во Соединетите Американски држави (САД).

Чавушоглу беше информиран од страна на надлежните во врска со тоа како се одвиваат работите за изградба на Турскиот дом и на последниот петти спрат на зградата им се обрати на присутните меѓу кои се наоѓаа постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу, генералниот конзул на Турција во Њујорк Алпер Акташ, вработените во Постојаното претставништво на Турција во ОН и генералниот конзулат, надлежни на фирмата изведувач на градбените активности и претставници на печатот.

Мевлут Чавушоглу во оваа пригода истакна дека Турскиот дом чија изградба продолжува и е при крај ќе и придаде дополнителна вредност на панорамата на Менхетен, во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД).

Велејќи дека Турскиот дом во Њујорк е најголем градбен проект реализиран од страна на Министерството за надворешни работи во странство, во историјата на министерството, Чавушоглу рече: „Турскиот дом во Њујорк ќе му придаде богатство на овој град каде што се обликува меѓународната политика и се пресекуваат глобалните патишта.

Мевлут Чавушоглу нагласи дека оваа зграда која ќе стане привлечен центар на Њујорк ќе стане едната од зградите симболи на градот и продолжи со следните зборови: „Турскиот дом, со неговите линии инспирирани од традиционалната турска архитектура ќе и придаде дополнителна вредност на панорамата на Менхетен и ќе се најде меѓу монументалните архитектонски градби кои што вреди да се видат во Њујорк.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу додаде дека Турскиот дом кој што се издигнува веднаш наспроти седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, ќе стане симбол и на системот од вредности кои што Турција постојано ги брани на меѓународната арена.



Слични вести