Чавушоглу: Оние кои исламот и тероризмот ги прикажуваат еден покрај друг, го хранат тероризмот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во своето обраќање пред Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк рече: „Оние кои исламот и тероризмот ги прикажуваат еден покрај друг го хранат тероризмот“

1175864
Чавушоглу: Оние кои исламот и тероризмот ги прикажуваат еден покрај друг, го хранат тероризмот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу говореше на церемонијата што се одржа во Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, во чест на жртвите во терористичкиот напад што беше извршен на 15 март на две џамии во Нов Зеланд. 

Чавушоглу истакна дека Турција е против секој вид тероризам и рече: „Ние истовремено водиме борба против ДЕАШ, ПКК и (сирискиот продолжеток на ПКК) ПЈД.“

Велејќи „Оние кои исламот и тероризмот ги прикажуваат еден покрај друг го хранат тероризмот“, Чавушоглу ги употреби следните зборови: „Треба да се прогласи дека нема да се толерира никој вид на расизам. Го проколнуваме секој вид дискриминација и тероризам.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу нагласи дека треба да се овозможи да полагаат сметка оние кои го финансираат тероризмот.

"Денеска стоиме цврсто исправени пред терористите и ја доставуваме следната порака до светот: Ќе исчезнете и ќе ве снема во гневот, омразата, стравот и спиралата на насилство кои што се обидувате да ги испумпувате." - рече Чавушоглу.

Во терористичкиот напад што беше реализиран на 15 март на џамиите Ал Нур и Линвуд во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, животот го загубија 51 лице, а уште толку беа ранети.



Слични вести