Мевлут Чавушоглу: Турција ќе продолжи да ја поддржува Венецуела

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на одржаната заедничка прес конференција со венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза истакна дека Турција ќе продолжи да ја поддржува Венецуела

1174824
Мевлут Чавушоглу: Турција ќе продолжи да ја поддржува Венецуела

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза кој престојува во официјална посета на Анкара.

По средбата лице в лице двајцата министри за надворешни работи Чавушоглу и Ареаза одржаа заедничка прес конференција.

Притоа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција ќе продолжи да ја поддржува Венецуела.

Тој рече: „Ќе продолжиме да ја поддржуваме Венецуела. Било каква негативна состојба во Венецуела би можела да се одрази на цела Латинска Америка, па дури и на Карибите.“ 

Чавушоглу истакна дека за време на неговата престојна посета на Соединетите Американски Држави (САД) ќе се состане со американскиот државен секретар Мајк Помпео и со Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон. 

Министерот за надворешни работи на Венецуела Хорхе Ареаза пак, рече: „Турција на чело со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во овие тешки времиња за Венецуела, покажа пример на вистинско пријателство.“



Слични вести