Голем број лидери од светот му честитаа на претседателот Ердоган за изборната победа

Голем број светски лидери го побараа по телефон претседателот на државата и воедно претседател на владејачката АК Партија Реџеп Тајјип Ердоган, на кого му честитаа за извојуваната победа на вчерашните локални избори со освоени над 51 отсто гласови

1174557
Голем број лидери од светот му честитаа на претседателот Ердоган за изборната победа

Голем број светски лидери го побараа по телефон претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и му честитаа за извојуваната победа на вчерашните локални избори.

Според добиени информации од кабинетот на претседателот, голем број светски лидери го побараа по телефон претседателот на државата и воедно претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган, на кого му честитаа за извојуваната победа на вчерашните локални избори со освоени над 51 отсто гласови.

Меѓу светските лидери кои му честитаа на претседателот Ердоган беа азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, палестинскиот претседател Махмуд Абас, српскиот претседател Александар Вучиќ, претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателот на Гвинеја Алфа Конде.

Пакистанскиот премиер Имран Хан исто така му честита на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за извојуваната победа, на вчерашните одржани локални избори.

Хан на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Радосен сум поради тоа што му честитам на пакистанскиот пријател Реџеп Тајјип Ердоган поради извојуваната значајна победа на локалните избори.

На претседателот Ердоган за победата му честитаа и претседателот на Партијата за националистичо движење (МХП) Девлет Бахчели и поранешните премиери Месут Јилмаз и Тансу Чиллер.



Слични вести