Резултати од локалните избори во Турција

Денес во Турција се одржаа локални избори на кои ќе бидат избрани раководителите на локалната власт на период од пет години

1174139
Резултати од локалните избори во Турција

Турција ги избира локалните раководители на период од пет години.

Според првите неофицијални резултати од 90 отсто од отворените гласачки кутии, редоследот на гласовите кои ги освоија партиите се следни:

Сојузot Џумхур (Републикански сојуз - АК партијата и Партијата за национално движење (МХП)): 51.74 %

Сојузот Милет (Национален сојуз - Републиканска народна партија (ЏХП) и Добра партија (ИЈИ парти)): 37.64 %.

На локалните избори беше забележан висок степен на учество на граѓаните и изнесуваше 84 отсто од севкупното население на Турција.

Резултатите од локалните избори во првите три градови на Турција се следни:

 

АНКАРА

Сојуз Џумхур (Републикански сојуз) (АК партијата и Партијата за национално движење (МХП)) : 47,20 %

Сојуз Милет (Национален сојуз) (Републиканска народна партија (ЏХП) и Добра партија (ИЈИ парти)): 50,62 %

 

ИСТАНБУЛ

Сојуз Џумхур (Републикански сојуз) (АК партијата и Партијата за национално движење (МХП)) : 48,71 %

Сојуз Милет (Национален сојуз) (Републиканска народна партија (ЏХП) и Добра партија (ИЈИ парти)): 48,65 %

 

ИЗМИР

Сојуз Џумхур (Републикански сојуз) (АК партијата и Партијата за национално движење (МХП)) : 38,49 %

Сојуз Милет (Национален сојуз) (Републиканска народна партија (ЏХП) и Добра партија (ИЈИ парти)): 58,06 %

 

Согласно одлуката на Високиот изборен совет (ЈСК), на локалните избори учествуваа кандидатите за градоначалници на партиите: Партија за правда и развој (АК парти), Партија за независна Турција, Партијата за голема унија (ББП), Републиканската народна партија (ЏХП), Демократската партија (ДП), Партијата Демократска левица (ДСП), Демократска партија на народите (ХДП), Добрата партија (ИЈИ парти), партијата за национално движење (МХП), партијата Саадет (СП), Комунистичката партија на Турција (ТКП) и партијата Татковина (ВП).



Слични вести