Граѓаните на Турција почнаа да гласаат на денешните локални избори

За денешните локални избори во Турција се регистрирани вкупно 57 милиони 58 илјади 636 гласачи со право на глас кои гласаат во 194 илјади 390 гласачки кутии

1173769
Граѓаните на Турција почнаа да гласаат на денешните локални избори

Во Турција денеска (31 март, 2019 година, недела) се одржуваат локални избори на кои ќе бидат избрани новите локални власти со мандат од 5 години.

За денешните локални избори се регистрирани вкупно 57 милиони 58 илјади 636 гласачи со право на глас кои гласаат во 194 илјади 390 гласачки кутии.

Според одлуката на Високиот изборен совет (ЈСК) на изборите учествуваат 12 политички партии и тоа Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата), Партијата за националистичко движење (МХП), Народната републиканска партија (ЏХП), Партијата за независна Турција (БТП), Партијата за големо единство (ББП),  Демократската партија (ДП), Демократската левичарска партија (ДСП), Демократската партија на народите (ХДП), ИЈИ Партијата, Партијата на благосостојбата (Саадет - СП),  Комунистичката партија на Турција (ТКП) и Татковинската партија (Ватан).

Граѓаните на Турција гласаат за избор на локалните власти со мандат од 5 години и тоа градоначалници, претседатели на општини, членови на општински собранија и претседатели на месни заедници (мухтари) и старешински совети.

Гласањето во 32 града во источниот дел на земјата започна во 07:00 часот и ќе трае да 16:00 часот според турско време, а во останатите 49 града започна во 08:00 часот и ќе трае до 17:00 часот според турско време.

Броењето на гласовите не ќе може да започне пред да бидат затворени гласачките места, односно пред 16:00 и 17:00 часот според турско време.

Радиостаниците и сите други видови информативни гласила се 18:00 часот по локално време не ќе може да објавуваат вести, прогнози и коментари во врска со изборите, како и за резултатите на изборите.

По 21:00 часот според турско време ќе бидат слободни сите емитувања, но со можна одлука на Високиот изборен совет (ЈСК), вестите, коментарите и соопштенијата во врска со изборите, како и резултатите од отворените гласачки кутии и изброените гласови ќе можат да се емитуваат и пред 21:00 часот според турско време.

 

 



Слични вести