Денес во Турција се одржаа локални избори

Граѓаните на локалните избори гласаа за новите градоначалници, членови на општинските совети, претседатели на месните заедници и совети на месните заедници

1174094
Денес во Турција се одржаа локални избори

Денес во Турција се одржаа локални избори на кои ќе бидат избрани раководителите на локалната власт на период од пет години.

Согласно одлуката на Високиот изборен совет (ЈСК), на локалните избори учествуваа кандидатите за градоначалници на партиите: Партија за правда и развој (АК парти), Партија за независна Турција, Партијата за голема унија (ББП), Републиканската народна партија (ЏХП), Демократската партија (ДП), Партијата Демократска левица (ДСП), Демократска партија на народите (ХДП), Добрата партија (ИЈИ парти), партијата за национално движење (МХП), партијата Саадет (СП), Комунистичката партија на Турција (ТКП) и партијата Татковина (ВП).

Граѓаните на локалните избори гласаа за новите градоначалници, членови на општинските совети, претседатели на месните заедници и совети на месните заедници.

Гласањето во источните градови на Турција се одржа од 07.00 до 16.00 часот, додека во останатите градови од 08.00 до 17.00 часот.

На денешните локални избори право на гласа имаа околу 57 милиони граѓани кои гласаа во 194 390 гласачки кутии.

Првите резултати од изборите почнат да се објавуваат по укинувањето на забраната за објавување која одлука ќе ја донесен Високиот изборен совет.



Слични вести