Воздушна операција "Шепа" против терористите на ПКК на северот на Ирак

Турските вооружени сили (ТВС) погодија цели на челници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак и група терористи кои се подготвувале за напад на пограничните воени единици

1173582
Воздушна операција "Шепа" против терористите на ПКК на северот на Ирак

Терористите во камповите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак кои се подготвувале за напад, беа погодени од страна на Турските вооружени сили (ТВС) со реализирана прекугранична воздушна операција наречена "Шепа" (Pençe).

Според објавеното писмено соопштение од Министерството за национална одбрана, во северниот дел на Ирак беше реализирана воздушна операција против цели на челници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и група терористи кои се подготвувале за напад.

Во соопштението се вели: "Во рамките на планот на операцијата Шепа, на 30 март 2019 година наутро истовремено се погодени таканаречениот штаб, засолништа и скривница на челниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на областа на планината Кандил и терористите на ПКК во областите Хакурк и Авашин-Басјан на северот на Ирак за кои е установено дека се подготвувале за напад врз нашите погранични единици."



Слични вести