Утре се одржуваат локални избори во Турција

Според податоците на Високиот изборен совет (ЈСК) на утрешните локални избори во Турција имаат право на глас приближно 57 милиони гласачи

1173607
Утре се одржуваат локални избори во Турција

Почна поставувањето на гласачките кутии во местата за гласање во рамките на локалните избори што ќе се одржат утре (31 март, 2019 година, недела) на кои ќе бидат избрани новите локални власти со мандат од 5 години.

Од раните утрински часови започнаа интензивните подготовки во местата за гласање каде што утре граѓаните ќе го искористат своето право да гласаат за новите локални власти.

Надлежните ги поставија гласачките кутии и се подготвени кабините за гласање.

Граѓаните на Турција на утрешните локални избори ќе гласаат за градоначалници, претседатели на општини, членови на општински собранија и претседатели на месни заедници (мухтари) и старешински совети.

Според податоците на Високиот изборен совет (ЈСК), во Турција има регистрирано приближно 57 милиони гласачи.

На утрешните локални избори ќе учествуваат Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата), Партијата за националистичко движење (МХП), Народната републиканска партија (ЏХП), Партијата за независна Турција (БТП), Партијата за големо единство (ББП),  Демократската партија (ДП), Демократската левичарска партија (ДСП), Демократската партија на народите (ХДП), ИЈИ Партијата, Партијата на благосостојбата (Саадет - СП),  Комунистичката партија на Турција (ТКП) и Татковинската партија (Ватан).



Слични вести