Чавушоглу: Освен билатералните односи, ја зајакнуваме соработката со Русија и на регионален план

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека освен билатералните односи се зајакнува соработката со Русија и во однос на регионални прашања

1173191
Чавушоглу: Освен билатералните односи, ја зајакнуваме соработката со Русија и на регионален план
lavrov-cavusoglu.jpg
lavrov-cavusoglu.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се состанаа во Белек, во Анталија.

Средбата лице в лице помеѓу двајцата шефови на дипломатии беше затворена за медиумите.

Потоа Чавушоглу и Лавров одржаа заедничка прес конференција.

Мевлут Чавушоглу истакна дека во рамките на разговорите се одржа седмиот состанок на групата за заедничко стратешко планирање помеѓу Турција и Руската Федерација и дека затоа чувствува радост од тоа што ги пречекува во Анталија Лавров и неговата делегација.

Велејќи дека со Сергеј Лавров се состануваат во секоја прилика, Чавушоглу рече дека и денеска  направиле проценка на билатералните односи и на регионални прашања.

Тој укажа на тоа дека биле разгледани голем број билатерални теми пред состанокот на Турско-рускиот совет за соработка на високо ниво што ќе се одржи на 8 април во главниот град на Русија, Москва, а со кој ќе претседаваат лидерите на двете земји, Ердоган и Путин.

„На тој состанок на врвот нашите лидери и надлежни министри ќе разгледат голем број прашања од трговијата до енергијата и од културата до туризмот. И ние денеска на овој состанок направивме подготовка за сето тоа.“ - рече Чавушоглу и напомена дека рускиот претседател Владимир Путин претходно го потпиша документот за визни олеснувања за службените пасоши и за возачите на камиони. 

Велејќи дека чувствува радост од растот во бројот на туристите кои доаѓаат од Русија во Турција и дека на денешниот состанок на групата за заедничко стратешко планирање било разговарано за прашања посветени на визите, Чавушоглу рече: „Со Сергеј Лавров работиме во рамките на волјата што ја презентираа нашите лидери по прашањето на решавање на проблемот со визите. Почнавме од одредена точка. Господинот Путин потпиша еден документ по прашањето на олеснувањата за визите за службените пасоши и за возачите на камиони. Ги продолжуваме работите во врска со имплементацијата на тоа. Нашето очекување е да бидат укинати целосно визите за нашите граѓани.“

Тој напомена дека освен билатералните односи се зајакнува соработката со Русија и во однос на регионални прашања. 

Во врска со доставениот нацрт закон до Сенатот на Соединетите Американски Држави (САД) кој што предвидува да се сопре предавањето на Турција на борбените авиони Ф-35, а со образложение дека ги купи од Русија воздушно одбранбените системи С-400, Мевлут Чавушоглу рече: „Принципиелно, е во спротивност со меѓународното право трета земја да се противи на договор помеѓу двете земји и да донесе одредена друга одлука. Целиот свет треба да види дека не важи менталитетот 'Тоа го сакам јас, ќе биде така'. Ние сме приврзани кон овој договор, не станува збор за продажба на трета земја. Ги купуваме за наша потреба.“ 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров исто така истакна дека на остварените разговори освен прашања посветени на културата и туризмот биле разгледани и соработката во воената и одбранбената сфера, како и сириското прашање.

Во својот говор, Лавров направи проценка и во врска со одлуката на САД за Голанските висорамнини.

Тој напомена дека ова прашање се поврзува со изборите кои што ќе се одржат во Израел, но дека исто така една друга димензија на случајот е демонстрацијата од видот на тоа „Јас би правел се.“   

„Тоа е спротивно на меѓународното право. Е прекршен и згазен секој вид меѓународно право.“ - порача Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров воедно му се заблагодари на својот колега Чавушоглу за покажаното гостопримство за руската делегација.



Слични вести