Акар: Воздушните операции против челниците на ПКК на планината Кандил ќе продолжат

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека ќе продолжат воздушните операции против челниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на планината Кандил во северниот дел на Ирак

1173099
Акар: Воздушните операции против челниците на ПКК на планината Кандил ќе продолжат

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Културниот центар Саријер на локалната самоуправа на Истанбул, се состана со семејствата на шехидите (паднатите борци) и газиите (ветераните).

Акар истакна дека ќе продолжат воздушните операции против челниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на планината Кандил, во северниот дел на Ирак.

Велејќи дека со одлучност продолжува новата фаза во борбата против тероризмот која што беше започната на 24 јули 2015 година, Хулуси Акар потсети дека успешно се завршени операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче (насочени против терористичките вгнездувања во Сирија).

Акар се осврна и на последната реализирана воздушна операција против челниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на планината Кандил, во врска со што рече: „Тие ќе продолжат. Ние сме одлучни да ги спасиме, а иншаллах и ќе ги спасиме нашата земја, нашиот народ од оваа неволја, тероризмот.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар уште еднаш нагласи дека цел на Турските вооружени сили (ТВС) се само терористите и рече: „Ние немаме никаква друга цел, освен терористите. Курдите се наши браќа. Ние со векови ги споделуваме нашиот леб, нашата географија, ние сме како месо и нокти, едно. Сето друго е смутување, подбуцнување, зло, неморалност, подлост. Турските вооружени сили (ТВС) имаат една цел, а тоа се терористите, ПКК/ЈПГ, ДЕАШ, Фетулахистичката терористичка организација.“

Акар го истакна и тоа дека Турција ги следи одблизу случувањата во своето опкружување и рече: „Ги презедовме и продолжуваме да ги преземаме сите неопходни мерки за безбедноста на нашиот народ.“  

Тој напомена дека Турција покажува крајно голема почит кон политичкиот и територијалниот интегритет на сите свои соседни земји и рече: „Ние немаме (око) претензии кон ничија територија, меѓутоа сме одлучни да му го извадиме окото на оној кој има претензија (има око) дури и кон нашето најмало каменче.“

Во врска со одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп за признавање на израелскиот суверенитет над Голанските висорамнини, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Со последното соопштение донесоа некои одлуки во врска со Голанските висорамнини. Тоа е многу погрешно и ваквите текови се многу опасни. Ние имаме една многу убава поговорка која вели 'Тој што сее ветар, ќе жнее бура'... Така да, ние сме должни да ги предупредиме сите страни, по ова прашање.“



Слични вести