Средба на претседателот Ердоган со младите емитувана во живо преку социјалните мрежи

Претседателот Ердоган истакна дека Голанските висорамнини се територија за која со договорите од 1967 година е потврдено од страна на Обединетите нации (ОН) дека и припаѓаат на Сирија и дека овие територии немаат никаква врска со Израел

1172574
Средба на претседателот Ердоган со младите емитувана во живо преку социјалните мрежи
erdogan atakule gencler1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во Анкара оствари средба со младите која се емитуваше во живо на страниците и профилите на социјалните мрежи Твитер, Фејсбук и Инстаграм.

Овде Ердоган одговараше на прашањата на младите, а се осврна и на актуелниот дневен ред посветен на актуелни внатрешни и надворешни случувања.

Претседателот Ердоган направи проценка на одлуката на Сеодинетите Американски Држави (САД) за признавање на Голанските висорамнини за израелска територија.

Тој рече дека Голанските висорамнини се територија за која со договорите од 1967 година е потврдено од страна на Обединетите нации (ОН) дека и припаѓаат на Сирија и дека овие територии немаат никаква врска со Израел.

„(Претседателот на САД Доналд) Трамп вели 'направив тое е'. Тоа не бива со она што ќе го направиш ти. Разговарам со (францускиот претседател Емануел) Макрон, ми рече 'јас размислувам како тебе'. Рече 'тоа ќе му го кажам и на Трамп'. (рускиот претседател Владимир) Путин ја даде својата изјава. Овој фрлен чекор на Трамп не е можно да добие одобрение од Обединетите нации (ОН) Советот за безбедност. Ние прашањето ќе го поставиме и пред Организацијата за исламска соработка (ОИС).“ - рече Ердоган.

Претседателот Ердоган воедно привлече внимание дека муслиманските земји од Заливот не можеа да презнетираат одлучен став по ова прашање.

Велејќи дека американскиот претседател Доналд Трамп му дава поддршка на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред парламентарните избори во Израел кои ќе се одржат на 9 април, Ердоган рече: „Нетанјаху е човек кој е замешан во корупции. (Трамп) Вели ако му дадам поддршка на Нетанјаху ќе го спасам. Што би било ако го спасиш, или не го спасиш? И да би останале сами ние ќе бидеме одлучни во врска со овие работи. Ние како турски народ ќе ја поставиме (изнесеме) нашата сопствена одлучност и ќе продолжќиме по нашиот пат.“ 

Претседателот Ердоган се осврна и на извршениот терористички напад на двете џамии во Нов Зеланд во кој животот го загубија 51 лице.

Притоа укажувајќи на тоа дека доколку едно лице припадник на терористичката организација ДЕАШ изврши напад врз некоја црква Западот би го кренал светот на нозе, Ердоган рече: „Добро, дали овде се слушна гласот на Западот? Не се слушна. Не го проколнаа тој терорист. И во случајот со Шарли Ебдо во Франција се состанаа лидерите од целиот свет, заедно маршираа, го кренаа силно својот глас. Таму, во џамија се убиваат 51 муслиман, нема глас.“



Слични вести