Ердоган: Се наоѓаме во еден нов период во борбата против тероризмот

Претседателот Ердоган истакна дека продолжува да се води со одлучност борбата против терористичките организации и дека се наоѓаме во еден нов период во борбата против тероризмот

1172143
Ердоган: Се наоѓаме во еден нов период во борбата против тероризмот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа беше гостин во програмата на еден приватен телевизиски канал каде што одговараше на прашања посветени на актуелниот дневен ред.

Притоа правејќи проценка на реализираната заедничка операција на Националната разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТВС) врз штабот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на областа на планината Кандил, во северниот дел на Ирак, претседателот Ердоган истакна дека во оваа заеднички изведена операција беа неутрализирани повеќе челници од таканаречениот водечки кадар на терористичката организација.

Ердоган напомена дека продолжува да се води со одлучност борбата против терористичките организации.

Привлекувајќи внимание дека се наоѓаме во еден нов период во борбата против тероризмот, Ердоган нагласи дека со оружјето кое што се произведува и развива со домашни и национални можности, не им се дозволува на терористите ниту да трепнат. 

Од друга страна, критикувајќи ја остро и одлуката на САД во врска со Голанските висорамнини, Ердоган рече: „Оваа работа не бива велејќи 'јас направив и тоа е'.“

Претседателот Ердоган потсети дека во врска со областа за која станува збор постои резолуција на Обединетите нации (ОН) од 1967 година.

Нагласувајќи дека САД со овој нивен став претпочитаа да ја зголемат тензијата и да им нанесат удар на потрагите за стабилност, а не да придонесат за мирот во регионот, Ердоган подвлече дека затоа овој избор треба да се преиспита.

Во меѓувреме, одговарајќи и на прашањето во однос на тоа „Дали музејот Ајасофија ќе стане џамија?“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Тоа веќе претставува очекување на нашиот народ, на исламскиот свет, на сите; кај нашиот народ долги години постои желба Ајасофија да ја види како џамија.“



Слични вести