Во операција на северот на Ирак се неутрализирани повеќемина терористи, меѓу кои и т.н. челници

Националната разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТВС) реализираа заедничка операција на областа на планината Кандил во северниот дел на Ирак во која се неутрализирани повеќемина терористи на ПКК, меѓу кои и т.н. челници

1171617
Во операција на северот на Ирак се неутрализирани повеќемина терористи, меѓу кои и т.н. челници

Во реализирана заедничка операција од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТВС) на областа на планината Кандил во северниот дел на Ирак, е тешко ранет Риза Алтун, едниот од најблиските луѓе на Џемил Бајик, кој се наоѓа меѓу челниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според добиени информации од безбедносни извори, во реализираната  операција минатата недела, на 21 март, во четврток, беа неутрализирани група терористи меѓу кои беше и лицето за кое станува збор, Риза Алтун. 

Меѓу неутрализираните терористи во операцијата се наоѓаат и Микаил Оздемир познат по кодното име „Навдар“, таканаречено одговорно лице за надворешни односи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, Емруллах Дурсун познат по кодното име „Серхат Варто“, таканаречен портпарол на ПКК и Али Акташ познат по кодното име „Синан Сор“, одговорно лице на ПКК за подрачјето на Кандил.

Операцијата беше започната откако од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) беше дознаено дека Риза Алтун, едниот од најблиските луѓе на Џемил Бајик, еден од челниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, ќе одржи состанок во едно место во областа на планината Кандил, во близина на границата со Иран.

Во тие рамки беа земени под контрола сите патишта и возила кои би можел да ги користи Риза Алтун.

Откако со помош на беспилотното летало (ИХА) „Бајрајтар ТБ2“ беше утврдено дека терористот Алтун, едниот од таканаречениот водечки кадар на ПКК, заедно и со Микаил Оздемир и Емруллах Дурсун одат кон селото Абу Бакра на плчанината Кандил, во близина на границата со Иран, беше воспоставена потребната координација за реализација на воздушна операција од страна на воени авиони Ф-16 на Турските вооружени сили (ТВС).

По завршување на овие подготовки, на 21 март, во четврток, во пладневите часови, утврдената чувствителна координата од страна на МИТ, со реализација на воздушна операција беше погодена со сто процентна прецизност.

Во операцијата беше тешко ранет Риза Алтун, кој инаку ја воспоставувал комуникацијата на терористичката организација со меѓународните актери во регионот и кој во некои странски средства за информирање е лансиран како таканаречен „министер за надворешни работи“.

Засега не е позната судбината на Риза Алтун.

Оваа операција со која е нанесен тежок удар врз т.н. водечки кадар кој раководи со врските на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и е во својство на порака за регионалните актери, истовремено става до знаење дека за терористичката ПКК нема спас ниту во внатрешните делови на планината Кандил каде што се крие од Турските вооружени сили (ТВС).



Слични вести