Ердоган: „Чии територии ги даваш на Изрaел“

Според резолуциите на ОН тие територии припаѓаат на Сирија

1171281
Ердоган: „Чии територии ги даваш на Изрaел“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган остро реагираше на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Голанската висорамнина и рече:

„Еј Трамп, чии територии ги даваш на Израел“! Според резолуциите на ОН тие територии припаѓаат на Сирија.

Во говорот на една манифестација во Истанбул, Ердоган ја критикуваше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп со која териториите на Голанската висорамнина се прифаќаат за израелски територии.

Ердоган на американскиот претседател му се обрати со следните зборови:

„Еј Трамп, чии територии ги даваш на Израел. Постои резолуција на ОН од 1967 година според која овие територии припаѓаат на Сирија. Како можеш и покрај резолуцијата на ОН да ја подариш Голанската висорамнина. ЕУ не го прифаќа тоа. Исто така и Организацијата за исламска соработка, Русија, Кина не го прифаќаат тоа. Оваа одлука нема да биде изгласана на седницата на СБ на ОН. Зарем постои вакво нешто? Во кој свет живееме?“



Слични вести