МНР на Турција остро го осуди претседателскиот указ на Трамп во врска со Голанските висорамнини

„Со жалење ја дочекуваме и остро ја осудуваме одлуката на управата на САД за признавање на израелскиот суверенитет над Голанските висорамнини кои од 1967 година се наоѓаат под окупација на Израел.“ - стои во соопштението на МНР на Турција

1170612
МНР на Турција остро го осуди претседателскиот указ на Трамп во врска со Голанските висорамнини

Турција остро го осуди потпишаниот претседателски указ од страна на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на суверенитетот на Израел над Голанските висорамнини.

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се вели следното: „Со жалење ја дочекуваме и остро ја осудуваме одлуката на управата на САД за признавање на израелскиот суверенитет над Голанските висорамнини кои од 1967 година се наоѓаат под окупација на Израел.“

Во соопштението се истакнува дека одлуката која што претставува очајно прекршување на меѓународното право, а пред се на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) од 1981 година под број 497, покажува дека управата на САД продолжува со нејзиниот став да биде дел од проблемот, а не од решението на Блискиот исток.

Во соопштението на министерството стои и следното: „Одлуката за која станува збор е целосно неважечка од аспект на нашата земја и земјите членки на меѓународната заедница кои располагаат со одговорност и кои му придаваат значење на територијалниот интегритет на Сирија и на сите земји во регионот. Израел, наместо обидувајќи се залудно да ги легитимизира своите потези во спротивност со меѓународното право и да го води регионот кон поголема нестабилност, треба да се придржува кон основните принципи заведени во Повелбата на Обединетите нации (ОН) и кон резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН). Тоа претставува основна одговорност на сите членки на меѓународната заедница.“   

Инаку, претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп вчера го потпиша претседателскиот указ со кој го призна суверенитетот на Израел над Голанските висорамнини.

 

 



Слични вести