Џејмс Џефри: Работиме со Турција по прашањето на безбедната зона исчистена од ЈПГ

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри воедно истакна дека се работи со Турција по прашањето на формирање на „безбедна зона исчистена од ЈПГ“, во Сирија, на одредено растојание во должина на границата

1170670
Џејмс Џефри: Работиме со Турција по прашањето на безбедната зона исчистена од ЈПГ

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри во американскиот државен секретаријат (Стејт департментот) одговараше на прашањата на новинарите и притоа истакна дека цел на неговата земја во Сирија е да се извојува трајна победа над терористичката организација ДЕАШ.

Џефри рече: „Денеска сме многу блиску до тоа, меѓутоа знаеме дека се уште постојат ќелии на ДЕАШ и дека ДЕАШ се уште го зачувува своето постоење во мислите на некои луѓе.“

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри воедно истакна дека се работи со Турција по прашањето на формирање на „безбедна зона исчистена од ЈПГ (сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК)“ , во Сирија, на одредено растојание во должина на границата.

Осврнувајќи се на военото присуство на САД во Сирија, Џејмс Џефри рече: „Нашите сили во прилично ограничен број во текот на во моментов точно неутврдено време ќе останат во североисточниот дел (на Сирија) и во Ел Таниф, со цел да се продолжи со операциите за исчистување и операциите за воспсотавување на стабилноста, против ДЕАШ.“

На поставените прашања во врскас со процесот на повлекување на САД од Сирија, Џефри го употреби изразот „Започна повлекувањето на вооружените сили. Бројот на силите се намалува на конечниот бројшто ќе остане таму.“

Велејќи дека САД ќе продолжат да работат со своите сојзуници во регионот, Џефри ги соопшти и деталите во врска со безбедната зона што ќе се формира на границата со Турција.

Тој рече: „Она на кое што работиме со Турција е да се формира безбедна зона во која нема да ја има ЈПГ, на одредено растојание во должина на границата со Турција. Бидејќи, Турција е прилично неспокојна по прашањето на ЈПГ и нејзините врски со (сепаратистичкотерористичката организација) ПКК. Тоа го разбираме.“

Освен тоа Џејмс Џефри го појасни и тоа дека од своите коалициони партнери посакале да продоклжат со поддршката што ја даваат на борбата против ДЕАШ во Сирија и дека во врска со тоа добиле доста добри одговори.

На едно посатвено прашање во однос на местото каде се наоѓа лидерот на ДЕАШ Ебубекир ел Багдади пак, Џефри истакна дека засега не знаат каде се наоѓа водачот на терористичката органзиација, но дека приоритет за нив е да биде убиен.



Слични вести