Турција ја подаде својата рака за помош на Мозамбик, погоден од циклон и поплави

Турските институции под координација на Претседателството на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), пристигнаа во Мозамбик кој беше погоден од катастрофата од циклонот Идаи и поплави

1169700
Турција ја подаде својата рака за помош на Мозамбик, погоден од циклон и поплави
mozambik sel (13).jpg
mozambik sel (14).jpg
mozambik sel (6).jpg
mozambik sel (7).jpg
mozambik sel (8).jpg

Турција ја подаде својата рака за помош на Мозамбик, на југот на Африка, кој беше погоден од катастрофата од циклон.

Турските институции под координација на Претседателството на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), пристигнаа во Мозамбик кој беше погоден од катастрофата од циклон и поплави, со цел доставување на материјалите за хуманитарна помош и за учество во активностите за пребарување и спасување во оваа јужноафриканска земја.

Турските екипи беа пречекани од страна на амбасадорката на Турција во Мозамбик Зејнеп Кизилтан и функционери на Мозамбик.

Амбасадорката Кизилтан истакна дека Мозамбик како една од трите земји кои претрпеа најголема штета од катастрофата предизвикана од циклонот Идаи, е место кое што е подложено на најголемо влијание на елементарната непогода.

Укажувајќи на тоа дека Турција е една од земјите кои брзо ја подадоа својата рака за помош на погоденото подрачје и дека во прва фаза од страна на Турската агенција за соработка и координација ТИКА се подготвени пакети со итна помош за 600 семејства.

Турските институции за помош, по работите во Мапуто беа испратени во градот Бериа кој беше најмногу погоден од катастрофата.

Како што беше соопштено бројот на загинатите поради поплавите предизвикани од циклонот и силните врнежи од дожд кои што минатата недела ги зафатија Мозамбик, Зимбабве и Малави во јужна Африка, изнесува над 700 лица.



Слични вести