Поддршка од претседателот Ердоган кампањата "Здраво брате"

Претседателот Ердоган на својата сметка на социјалната мрежа Твитер даде поддршка на кампањата "Здраво брате" (Hello Brother)

1169346
Поддршка од претседателот Ердоган кампањата "Здраво брате"

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку социјалната мрежа Твитер даде поддршка на кампањата "Здраво брате" (Merhaba Kardeşim) која беше започната како реакција на извршениот терористички напад врз двете џамии во Нов Зеланд.

Последниот збор на Давуд Неби кој беше првиот муслиман кој го загуби животот во терористичкиот напад врз двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд "Hello Brother", односно изразот т.ј. поздравот "Здраво брате", стана симбол на борбата против ксенофобијата.

Видеото кое што ТРТ Ворлд (TRT World') го подготви со овој последен збор на Давуд Неби и со етикетата "Hello Brother" го сподели на социјалната медија за кусо време се прошири.

Така и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својата сметка на социјалната медија ова видео подготвено од страна на ТРТ Ворлд го сподели со зборовите "Селам брате".

Инаку, во реализираниот терористички напад на џамиите Ал Нур и Линвуд во градот Крајстчерч во Нов Зеланд на 15 март во петокот за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) животот го загубија 51 лице а над 40 лица беа ранети.

Новозеландскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Винстон Петерс  истакна дека извршителот на терористичкиот напад кој беше фатен останатиот дел од животот ќе го помине во самостојна ќелија.



Слични вести