Благодарност од Чавушоглу до Нов Зеланд за покажаната чувствителност

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу им се заблагодари на новозеландската премиерка Џасинда Ардерн и на вицепремиерот и министер за надворешни работи Винстон Петерс за покажаниот став и чувствителност кон терористичкиот напад во Нов Зеланд

1169142
Благодарност од Чавушоглу до Нов Зеланд за покажаната чувствителност

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу им се заблагодари на премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн и вицепремиерот и министер за надворешни работи Винстон Петерс поради чувствителноста што ја покажаа по терористичкиот напад минатата недела на двете џамии за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) во градот Крајстчерч во кој животот го загубија 51 лице, а над 40 лица беа ранети.

Чавушоглу во однос на прашањето сподели објава на својата сметка на социјалната мрежа Твитер.

"Им благодариме пред се на премиерката Џасинда Ардерн и вицепремиерот и министер за надворешни работи Винстон Петерс кој учествуваше на состанокот на Организацијата за исламска соработка (ОИС), кои уште од почетокот нападите во Крајстчерч ги окарактеризираа како терор и поради нивната чувствителност кон муслиманската заедница. Ние сме во солидарност со Нов Зеланд." - напиша министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својата објава преку социјалната медија.

Новозеландскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Винстон Петерс вчера во Истанбул учествуваше на состанокот на итниот Извршен комитет на Организацијата за исламска соработка (ОИС) на ниво на министри за надворешни работи посветен на терористичкиот напад на двете џамии во Нов Зеланд и борбата против омразата кон муслиманите и нетолеранцијата.

Инаку, во терористичкиот напад минатата недела на две џамии за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, животот го загубија 51 лице, а над 40 лица беа ранети.



Слични вести