Претседателот Ердоган го прими новозеландскиот вицепремиер Винстон Петерс

Вицепремиерот на Нов Зеланд и министер за надворешни работи Винстон Петерес и делегацијата во негова придружба денеска во Истанбул беа примени кај претседателот Ердоган

1168806
Претседателот Ердоган го прими новозеландскиот вицепремиер Винстон Петерс

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими во Истанбул вицепремиерот на Нов Зеланд и министер за надворешни работи Винстон Петерес и делегацијата во негова придружба.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во Истанбул говореше на итниот состанок на Извршниот комитет на Организацијата за исламска соработка (ОИС) на ниво на министри за надворешни работи, посветен на терористичкиот напад на двете џамии во Нов Зеланд и борбата против омразата и нетолеранцијата кон муслиманите.

По говорот, претседателот Ердоган го прими вицепремиерот на Нов Зеланд и министер за надворешни работи Винстон Петерес и делегацијата во негова придружба, кои по повод наведениот состанок престојуваат во Истанбул.

На приемот затворен за медиумите, присуствуваа и потпретседателот Фуат Октај, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, шефот на Одделот за комуникации на кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун и портпаролот на кабинетот на претседателството Ибрахим Калин.



Слични вести