Новозеландскиот вицепремиер Петерс: Терористот останатиот дел од својот живот ќе го помине во ќелија

Новозеландскиот вицепремиер и министер за андворешни работи Винстон Петерс изјави во Истанбул дека терористот кој го изврши нападот на двете џамии во кој животот го загубија 50 лица останатиот дел од својот живот ќе го помине во самостојна ќелија

1168505
Новозеландскиот вицепремиер Петерс: Терористот останатиот дел од својот живот ќе го помине во ќелија

Министерот за надворешни работи и воедно претседател на Извршниот комитет на Организацијата за исламска соработка (ОИС) Мевлут Чавушоглу, генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка Јусуф бин Ахмед ел-Усејмин и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Нов Зеланд Винстон Петерс, одржаа заедничка прес конференција во Истанбул.

Новозеландскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Винстон Петерс допатува во Истанбул за вонредниот самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во врска со терористичкиот напад на двете џамии за време на клањање џума намаз (петочната молитва) во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, во кој животот го загубија 50 лица.

Притоа Винстон Петерс на одржаната заедничка прес конференција изјави дека извршителот на терористичкиот напад Брентон Тарант кој измасакрира 50 лица останатиот дел од својот живот ќе го помине во ќелија и напомена дека во врска со овој случај е започната најголемата истрага во историјата на Нов Зеланд.

Велејќи дека неговата земја и придава значење на слободата на религијата, Петерс појасни дека се преземени неопходните мерки за да се чувствуваат муслиманите во Нов Зеланд во безбедност.

Новозеландскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Винстон Петерс напомена дека извршениот напад против муслиманите се прифаќа како извршен напад врз сите луѓе и дека го проколнуваат терористичкиот напад чија цел беа две џамии.

Тој рече: „(Терористот Брентон Тарант) останатиот дел од својот живот ќе го помине во самостојна ќелија во Нов Зеланд. Е започната најголемата истрага во историјата на Нов Зеланд.“



Слични вести