Изјавата на претседателот Ердоган беше насочена против манифестот на терористот во Нов Зеланд

Зборовите на претседателот Ердоган се извадени од контекстот

1167641
Изјавата на претседателот Ердоган беше насочена против манифестот на терористот во Нов Зеланд

Претседателот на Управата за комуникации при претседателството Фахретин Алтун рече дека наведените зборови беа извадени од изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со Анзаците.

Алтун во пораката на англиски преку профилот на Твитер истакна дека цел на изјавата на претседателот Ердоган беше наводниот манифест на терористот којшто уби 50 муслимани во новозеландскиот град Крајстчерч.

Фахретин Алтун во пораката преку твитер во врска со говорот на претседателот Ердоган во врска со одбележувањето на 104-та годишнина од Победата на Битката на Чанаккале и Сеќавање на шехидите го истакна следното:

„Зборовите на претседателот Ердоган се извадени од контекстот. Говорот на претседателот Ердоган беше насочен против наводниот манифест на терористот кој немилосрдно уби 50 муслимани во градот Крајстчерч во Нов Зеланд. Турците отсекогаш беа многу блиски и срдечни домаќини на Анзаците. Манифестот на терористот не беше насочен само против личноста на претседателот Ердоган туку истовремено и против турската држава. Претсдетаелот во говорот на годишнината од победата на Чанаккале во суштина ги изнесе погледите во врска со нападите кои беа извршени врз Турција а кои сеуште продолжуваат“ рече Алтун.



Слични вести