Ердоган: „Ќе почнеме со производство на домашни млазни мотори“

Инвестициите за тест инфраструктурата на националниот млазен мотор се вредни 95,9 милиони долари

1168220
Ердоган: „Ќе почнеме со производство на домашни млазни мотори“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека ги фрлија темелите на тест инфраструктурата ма млазните мотори од домашно производство.

Ердоган во говорот во Ескишехир рече дека заедно со Тусаш Мотор Санаји (ТЕИ) во Ексишехир ќе почнеме со производството на националните млазни мотори на авионите, хеликоптерите и автомобилите.

Во врска со остварувањето на проектот за тест инфраструктурата на националниот млазен мотор се наоѓаме на прагот на инвестиции вредни 95,9 милиони долари.

Исто така планираме да го формираме и истражувачкиот и тест центар на националниот железнички систем.

Во врска со остварувањето на овој проект готов е буџетот, местото, се. Во иднина самите ќе ги тестираме брзите возови и метроа и нема да зависиме од странство. Од овој центар очекувам придонеси за земјава во износ од 1,5 катриљони, рече претседателот Ердоган.



Слични вести