Приврзаници на терористичката ПКК се обидоа да упаднат во зградата на ТВ каналот ВДР во Келн

Група приврзаници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК одржаа протест во градот Келн во Германија, а потоа се обидоа да упаднат во зградата на Западно-германската Радио и телевизија (ВДР)

1166774
Приврзаници на терористичката ПКК се обидоа да упаднат во зградата на ТВ каналот ВДР во Келн

Група приврзаници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК се обидоа да упаднат во зградата на Западно-германската Радио и телевизија (ВДР) во градот Келн во Германија.

70'десетина лица кои се собраа на плоштадот Бреслауер во Келн одржаа протест во знак на поддршка на терористичката организација ПКК.

Десетина лица кои по протестот не се разотидоа и со транспаренти и симболи во своите раце, со слогани со поддршка на терористичката организација, влегоа во зградата на државната Радио и телевизија ВДР.

Откако обезбедувањето ја извести полицијата на местото на инцидентот пристигнаа полициски сили при што дојде до нереди помеѓу полицијата и приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Притоа беа полесно повредени двајца полицајци, а демонстрантите беа извадени од зградата.

Како што се наведува, германската полиција по инцидентот притворила неколкумина приврзаници на терористичката организација.



 



Слични вести