Претседателот Ердоган напиша статија за американскиот весник „Вашингтон пост“

Претседателот Ердоган во оваа своја статија истакнува дека смисловно е тоа што во таканаречениот манифест на терористот кој во Нов Зеланд измасакрира 50 муслимани низа пати алудира на Турција и лично кон него

1166919
Претседателот Ердоган напиша статија за американскиот весник „Вашингтон пост“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напиша статија за американскиот весник „Вашингтон пост“ чиј наслов гласи „Терористот од Нов Зеланд и ДЕАШ се по ист терк“.

Ердоган во оваа своја статија истакнува дека смисловно е тоа што во таканаречениот манифест на терористот кој во Нов Зеланд измасакрира 50 муслимани, низа пати се алудира на Турција и лично на него.

Велејќи дека во извршениот терористички напад во градот Крајстчерч во Нов Зеланд беа убиени (станаа шехиди) 50 недолжни лица, претседателот Ердоган потсети дека стотици муслимани кои беа дојдени во локалните џамии за да клањаат џума намаз (петочна молитва) се спасија ранети од нападот.   

Тој привлече внимание на тоа дека на оружјата со кои беше извршен масакрот и во таканаречениот манифест што го објави терористот на интернет се среќаваат безброј историски референци и рече: „Тоа што терористот низа пати алудира на Турција и лично на мене, претставува прашање кое што е и смисловно и на кое треба да се размисли.“

Ердоган нагласи дека извршителот на масакрот ги искривува светската историја и христијанското верување, со што се обидува да ги легитимизира своите перверзни погледи.

Претседателот Ердоган во својата статија ги сподели и следните свои погледи и размислувања: „ Се обиде (терористот) да го посее семето на злобата (гневот-омразата) меѓу луѓето. Како лидер кој претходно низа пати велам дека тероризмот не може да има своја религија, јазик или расна припадност, категорично ги отфрлувам сите обиди минатонеделниот терористички напад да се поврзе со христијанското учење, христијанскиот морал или христијанските принципи. Случувањата во Нов Зеланд би можеле да се оценат само како отровен одраз на неукоста и злобата (гневот-омразата).“ 

Во продолжението на статијата се вели следното: „Нашиот народ не се соочи за прв пат со искривување на историјата од страна на терористите. Терористичката организација ДЕАШ која ја протолкува историјата од перспективата на радикалната идеологија и која измасакрира илјадници цивили од кои повеќето муслимани, во последните години упатува повик за 'повторно освојување на Истанбул'. Овој повик, личи на изразот 'градот уште еднаш да се похристијани“ кој што зазема место во таканаречениот манифест на напаѓачот од Крајстчерч. ДЕАШ исто така се заколна дека ќе ја уништи Република Турција, што пак една од причините е тоа што турската војска и нанесе тежок удар на оваа терористичка организација, во Сирија.

Согласно тоа, треба да констатираме дека апсолутно не постои никаква разлика меѓу убиецот кој ги одзеде животите на недолжните луѓе во Нов Зеланд и оние кои реализираат терористички напади во Турција, Франција, Индонезија или на други места.“ 

Претседателот Ердоган напомена дека по масакрот во Крајстчерч  постојат одговорности кои што му се паѓаат на Западот и упати повик западните општества и влади да не дозволат да дојде до нормализирање на идеологиите кои што се во подем во последните години, како што се расизмот, непријателството кон странците и исламофобијата.

„Западните лидери, треба да добијат лекција од храброста, лидерството и искреноста на новозеландската премиерка Џасинда Ардерн и да ги прегрнат муслиманите кои живеат во нивните земји.“ - напиша претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата статија за американскиот весник „Вашингтон пост“.



Слични вести