Ердоган: Најголемиот извор на силата на турскиот народ, се братството и солидарноста

Претседателот Ердоган на отворањето на „Ankapark Wonderland Eurasia“, најголемиот тематски парк во Европа, изграден во главниот град Анкара истакна дека најголемиот извор на силата на турскиот народ, се братството и солидарноста

1167316
Ердоган: Најголемиот извор на силата на турскиот народ, се братството и солидарноста

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска свечено го отвори  „Анкапарк Вондерленд Евроазија“ (Ankapark Wonderland Eurasia), најголемиот тематски парк во Европа, изграден во главниот град Анкара.

Во говорот што го одржа на церемонијата на отворањепретседателот Ердоган истакна дека најголемиот извор на силата на турскиот народ, се братството и солидарноста.

Ердоган нагласи дека одредени средини кои не сакаат Турција да се развие постојано подготвуваат стапици (спремаат игри) и рече: „Во светот не постои друга земја за толку кусо време да била подложена на толку тешки напади на кои што сме подложени ние, а притоа да успеала да се одржи на нозе. Што и да би рекле, најголемата сила на турскиот народ, се братството и солидарноста.“

Осврнувајќи се на таканаречениот манифест на терористот кој го реализираше терористичкиот напад на две џамии со пауза од10 минути за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) во Нов Зеланд и притоа измасакрира 50 лица, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган упати повик да се застане во одбрана на избирачките кутии на локалните избори што ќе се одржат на 31 март, а како што рече за да им се даде заслужениот одговор на напаѓачите (натрапниците) кои му се закануваат на народот од далечина од десетици илјади километри.

Најзначајната карактеристика на овој народ, е таа што и покрај толку многуте доживеани искушенија секогаш успел наново да се роди од својата пепел.“ - рече Ердоган.



Слични вести