Потсетување од Турција до Грција по прашањата на „обидот за окупација и отштетата“

Портпаролот на МНР Хами Аксој одговори на објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Грција во кое се алудира на говорот на претседателот Ердоган што го одржа во неделата на митингот во градот Измир

1166204
Потсетување од Турција до Грција по прашањата на „обидот за окупација и отштетата“

Потсетување од Турција за Грција по прашањата на „обидот за окупација и отштетата“...

Портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори на објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Грција во кое се алудира на говорот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган што го одржа во неделата во градот Измир, во рамките на предизборната кампања за локалните избори.

Аксој рече: „Ова соопштение е објавено без потсетување на историски вистини дека Грција (во 1919 година) се обиде да ја окупира Анадолија и и плати отштета на Турција поради рушењата и предизвиканите штети од страна на грчката војска во Анадолија, и претставува соопштение под несреќна околност.“

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој во врска со соопштението на грчкото министерство за надворешни работи, одговори со писмено соопштение.

Тој напомена дека соопштението на Грција во кое се алудира на говорот на претседателот Ердоган на одржаниот предизборен митинг во Измир е неразбирливо и дека се оценува за чудно од аспект на содржината и тајмингот.

„Ова соопштение кое е објавено без претходно да не се потсетува за историските вистини дека Грција (во 1919 година) се обиде да ја окупира Анадолија и и плати отштета на Турција поради рушењата и предизвиканите штети од страна на грчката армија во Анадолија, е соопштение под несреќна околност, и тоа во никој случај не се истоветува со средината на доверба и добрососедските односи кои што се обидуваме да ги развиеме со оваа земја.“

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на митингот што се одржа во градот Измир во неделата стави акцент на ослободувањето на Анадолија од грчкиот обид за окупација (во 1919 година), по што беше објавено соопштение и од страна на Министерството за надворешни работи на Грција.



Слични вести