Хулуси Акар: Нападот во Нов Зеланд е показател на непријателството кон исламот, Турција и Ердоган

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Терористичкиот напад во Нов Зеланд ја покажува точката до која се дојдени исламофобичниот фашистички тероризам и омразата и непријателството кон исламот и Турција и кон нејзиниот претсседател Ердоган“

1166000
Хулуси Акар: Нападот во Нов Зеланд е показател на непријателството кон исламот, Турција и Ердоган

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар вчера говореше на церемонијата по повод 18 Март Денот на сеќавање на шехидите (паднатите борци) и 104. годишнина од победата на Чанаккале, што се одржа на Алејата на шехидите во градот Чанаккале.

Акар во својот говор се осврна и на терористичкиот напад што беше извршен во петокот во Нов Зеланд во кој животото го загубија 50 лица и истакна дека  овој масакр покажува до која точка се дојдени исламофобичниот фашистички тероризам и омразата и непријателството кон исламот и Турција и кон нејзиниот претседател Реџеп Тајјип Ердоган.

„Најостро ги проколнувам извршителот на терористичкиот напад за кој што се гледа дека е расистички и организиран, како и оние подли кои го поддржуваат“ - рече Акар.

Привлекувајќи внимание и кон терористичкото присуство во северниот дел на Сирија, министерот за национална одбрана Хулуси Акар во својот говор го подвлече следното: „За да не се доживуваат поголеми страдања во источниот дел на реката Еуфрат и за нашата безбедност мора да се формира безбедна зона под контрола на Турција.“ 

 

 



Слични вести