Ердоган: Ако сметката не ја побара Нов Зеланд, ние знаеме како да ја побараме сметката и за тоа

Претседателот Ердоган истакна дека сметката за терористичкиот напад на двете џамии во Нов Зеланд треба да биде побарано од страна на оваа земја и рече: „Ако тоа не го направи Нов Зеланд, како така ние знаеме да ја побараме сметката и за тоа“

1166577
Ердоган: Ако сметката не ја побара Нов Зеланд, ние знаеме како да ја побараме сметката и за тоа

Претседателот на државата и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган говореше пред насобраните граѓани на митингот во населеното место Ерегли кај градот Зонгулдак.

Ердоган се осврна на реализираниот терористички напад на две џамии со пауза од по 10 минути за време на клањање на џума намаз во градот Крајстчерч во Нов Зеланд во кој животот го загубија 50 лица, а десетици лица беа ранети од кои некои потешко.

Притоа, претседателот Ердоган истакна дека сметката за терористичкиот напад треба да биде побарано од страна на Нов Зеланд и рече: „Ако тоа не го направи Нов Зеланд, како така ние знаеме да ја побараме сметката и за тоа.“

„Секој израз напишан на оружејто на терористот ја покажува играта која што се игра над нашата земја. Ќе сме стоеле на анадолскиот брег (на Истанбул), не сме можеле да стоиме на европскиот брег. Кој си ти? Свирепо уби 50 наши браќа, но ќе ја платиш сметката за тоа. Ако сметката за тоа не ја побара Нов Зеланд, како така ние знаеме да ја побараме сметката и за тоа.“ - порача Ердоган.

Нагласувајќи дека одредени средини отсекогаш вршат непријателство против Турците и муслиманите, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „Долги години како овие сеат крв, сеат гнев (злоба). Иста е целта и на оние кои сакаат да формираат терористички коридор веднаш до нашите граници. иста е целта и на оние кои пролеваат муслиманска крв. Вие кои ги омаловажувате овие работи, повелете. Погледнете дали во Франција престанува тероризмот? Дали престанува во Англија, во Холандија, не престанува. Бидете искрени, поради тоа што не се искрени плаќаат сметка.“

Ердоган воедно напомена дека се упатува повик до западните земји за заедничка борба против тероризмот и рече: „Зарем ја пресметаа крвта што ја пролева Израел во Палестина? Со постојано окупирање веќе ги приклшетија Палестина во едно мало место, а тие самите ја проширија својата окупација.“



Слични вести