Видео од жандармеријата по повод 18 Март 104. годишнина од поморската битка на Чанаккале

Видеото со снимки снимени за време на Битката на Чанаккале и со фотографии од фронтот со (основоположникот на Република Турција) Мустафа Кемал Ататурк, беше споделено на социјалните медиуми

1165315
Видео од жандармеријата по повод 18 Март 104. годишнина од поморската битка на Чанаккале

Од страна на Генералната команда на жандармеријата е подготвено видео по повод 18 Март Денот за сеќавање на шехидите (паднатите борци) и 104'тата годишнина од поморската победа на Чанаккале.

Видеото со снимки снимени за време на Битката на Чанаккале и со фотографии од фронтот со (основоположникот на Република Турција) Мустафа Кемал Ататурк, беше споделено на социјалните медиуми.

Во видето се вели следното: 

„Анадолија е нашата илјадо годишна татковина. Цената да се живее во овој рај е тешка. Овде е постојаниот фронт каде што војуваат правдата и неправдата. На овие територии не можете да живеете со благодарност кон секого, со наведнување на вашат глава. Во секој грст земја постои пот, крв на шехиди. Ова е земја на оние кои лежат под земјата без свои кефени (бело платно) и каде што за полумесечината заоѓаат сонца. Чанаккале не е ниту прв, ниту пак последен еп на овој народ кој располага со силата да владее на оваа неприкосновена географија. И кога ќе посакаш да видиш една трага од тој еп доволно ќе биде да погледнеш на една педа под земјата, а кога ќе запрашаш 'Кој ќе го напише следниот еп?' доволно е да погледнеш во очите на едно дете. Законската армија жандармеријата која со љубов и верност е приврзана кон Републиката, со истиот дух и верување со оној на Анафарталар, на Киречтепе, е поносна од тоа што 180 години стои на располагање пред нашиот честит народ.“



Слични вести