Турција и Иран реализираа заедничка операција против терористичката ПКК

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопшти дека денеска Турција и Иран реализираа заедничка операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1165927
Турција и Иран реализираа заедничка операција против терористичката ПКК

Турција и Иран реализираа заедничка операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу даде значајни изјави во врска со борбата против тероризмот и притоа истакна дека почнувајќи од утрово 08:00 часот според турско време со Иран е реализирана заедничка операција против ПКК, на источната граница на земјата.

Велејќи "Ќе го соопштиме резултатот. Нема да им дозволиме да здивнат." - Сојлу нагласи дека на беспилотните летала (ИХА) им е вграден нов софтвер и додаде дека отсега терористите не само што не ќе можат да шетаат по планините, не ќе можат ниту да ја кренат својата глава.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу додаде дека во однос на заедничката операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК извесно време се водат разговори со иранските функционери.

 



Слични вести