Турција го осуди нападот во Холандија без оглед на тоа од чија страна и со какви мотиви е извршен

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се вели следното: „Остро го осудуваме нападот што се случи во градот Утрехт, без оглед на од тоа од чија страна и со какви мотиви е извршен.“

1165965
Турција го осуди нападот во Холандија без оглед на тоа од чија страна и со какви мотиви е извршен
dışişleri bakanlığı.jpg
utrech neederland.jpg
utrech neederland 2.jpg

Турција продолжува да го презентира истиот став против секој вид напад.

Оваа состојба не е сменета и со тоа што како последно извршител на денешниот вооружен напад во Холандија беше лице кое било родум од Турција.

Анкара го осуди и овој напад во кој загинаа 3 лица, а 9 лица беа ранети.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се вели следното: „Остро го осудуваме нападот што се случи во градот Утрехт, без оглед на од тоа од чија страна и со какви мотиви е извршен.“

„Го изразуваме нашето сочувство до блиските на загинатите во овој гнасен напад и им посакуваме трпение, а на ранетите им посакуваме побрзо оздравување. Нашата солидарност со холандскиот народ и холандската влада е целосна, пред овој напад.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Инаку, полицијата во Утрехт во врска со нападот истакна дека се трага по 37 годишниот Ѓокмен Таниш кој бил родум од Турција.

Полициски извори пак, претходно соопштија дека се стои на можности надвор од терористички напад и дека повод за случајот можеби било „семејно недоразбирање“.

Меѓу вестите кои што пристигнуваат од Холандија се наоѓаат и оние според кои напаѓачот бил фатен.



Слични вести